Отворен ден на училиштето
На 14.6.2023 год. во СОТУ ,,Ѓорѓи Наумов”- Битола, се одржа отворен ден, чијашто цел беше да се запознаат учениците од завршната година во основните училишта, со условите и начинот на функционирање на воспитно- образовниот процес во Училиштето.
Професори и ученици од електротехничката и машинската струка, им ги претставија на идните средношколци образовните струки и профили од средното стручно образование, можностите што истите им ги нудат на учениците во рамките на дуалното образование и образованието со зголемен број часови по практична настава. Тие им ја предочија на полуматурантите предноста од современиот концепт на техничкото стручно образование, пред сѐ што истиот се реализира во соработка со компании и фирми во кои учениците го обавуваат процесот на учење преку работа.
Отворениот ден им овозможи на идните средношколци да остварат непосредна комуникација со професорите и стручните соработници во училиштето и непосредно да се запознаат со низата активности и проекти во Училиштето, како и условите за работа во него.