Грант од 590.000 евра (Regional Challenge Fund)
На ден 25.04.2024 г. во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија се доделени 2 гранта од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици (Regional Challenge Fund). Чест и задоволство ни е што еден од двата гранта во вредност од околу 590.000 евра за стручна опрема, обуки, инфраструктурни активности и материјали го доби нашето училиште СОТУ „Ѓорѓи Наумов“. На свечениот настан Директорката д-р Жанета Сервини се заблагодари за доделениот грант во име на училиштето и на целиот Конзорциум од 9 партнерски компании (КРОМБЕРГ&ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА БТ ДООЕЛ, ДООЕЛ ФОД НОВАЦИ-АД ЕСМ, UNLIMITED CODERS ДООЕЛ БИТОЛА, ИСУРЦЕ ДОО БИТОЛА, КАМАЈ МЕДИА ДООЕЛ БИТОЛА, КИМИКОМ ГРУП ДОО БИТОЛА, ФИРМА ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ТРГОВИЈА, КОНСАЛТАНТ И УСЛУГИ ЈАВЕН СМАРТ ДООЕЛ УВОЗ ИЗВОЗ-БИТОЛА, ПРОАХИС ИНОВАТИОН УВОЗ ИЗВОЗ ДОО БИТОЛА и ПРО ЕНЕРГО ДООЕЛ БИТОЛА).
На настанот се обратија Антони Пешев – извршен директор, Стопанска комора на Северна Македонија, Петра Дрекслер – амбасадорка, Амбасада на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Лусиен Аегертер, заменик шеф на мисија, Амбасада на Швајцарија во Северна Македонија, Мориц Реме, директор на Канцеларијата на Германската банка за развој во Северна Македонија и Косово, Татјана Штерјова Душковска, генерален секретар на Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан и Фридер Верман, раководител на тимот, Регионален фонд за предизвици. На крај се обрати Марија Антиќ Костовска како лице на менаџерска позиција во ИТ компанијата Кимиком, како и Михаела Ставревска, ученичка во нашето училиште.