Дводневен хакатон „Smart Environment and Smart Tools“

Прво и второ место за екипите од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ на дводневниот хакатон (маратон по програмирање) под наслов Паметна околина и паметни алатки (Smart Environment and Smart Tools) кој се одржа во просториите на ФИКТ – Битола, на 11-ти и 12-ти април 2024 год. (Четврток и Петок).

Честитки на првото место за екипата Bitola  Bus Tracker составена од учениците Христијан Захарчев III-6, Огнен Лазаревски III-4, Јован Илиевски III-4, Димитар Србиноски III-4, Бобан Кузмановски III-5 и Александар Темелко III-5 под менторство на професорката Благица Богоевска, како и за освоеното второ место за екипата Trash Tracer составена од Иван Ристевски IV-4, Давид Бошевски IV-4, Филип Илиевски IV-4, Димитар Ристевски IV-4, Ева Ацевска IV-5 и Дарко Кочовски IV-4 под менторство на Илче Ацевски.

Тема и правилата за хакатонот: Еден од најупотребуваните и најслушаните поими денес е паметно однесување, особено кога станува збор за компјутерските науки и комуникациските технологии. Светот многу напреднал на тој план. Идејата е преку неформални начини да се придонесе кон креирање на нови идеи за создавање на околина во која предметите и нештата се меѓусебно поврзани, комуницираат преку Интернет и паметно се однесуваат.  Затоа, е избрана темата за паметна околина и паметни алатки како поле за натпревар на овој хакатон. Целта е со проектите кои беа изработени да се дадат идеи за создавање на паметна средина за живеење и работа – во домот, во канцеларија, во градината, паркот, зградите, создавање на паметни установи (болници, училишта, факултети, комерцијални објекти), паметни патишта, паметни градови, паметно општество, … Проектите можеа да бидат на пр. класична апликација за паметна околина (мобилна, веб, десктоп …), апликација за паметни градови, паметни патишта, паметен дом, зграда, итн … Право на учество имаа сите студенти, од сите години на студирање и од сите циклуси на студирање, поранешни студенти, како и средношколци од трета и четврта година под водство на ментор. Платформата на која се работи и програмскиот јазик беше по избор на самиот тим. Оценувањето го вршеа вработени претставници од ИТ компаниите и професори од ФИКТ. 

 

Им честитаме на нашите ученици и ментори кои достојно го претставија нашето училиште и им посакуваме уште многу успех во иднина и уште многу вакви предизвици!!!