Втор Саем на кариера CAREER EXPO 2024 на ФИКТ

➡️Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола на 📅11.04.2024 го организирше вториот Саем на кариера CAREER EXPO 2024, како можност за поврзување на студентите од ФИКТ со компаниите од реалниот сектор и промовирање на професијата ИТ инженер, како една од најатрактивните професии денес на пазарот на труд.
ℹНа Саемот на кариера со свои штандови се претставија над 20-тина компании од Битола и регионот, кои пред студентите на #ФИКТ и учениците од средните училишта ја претставија својата дејност и понудија стипендии, практиканство и можности за вработување.
Саемот го посетија и ученици од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“!!!