Oдбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во нашето училиште

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 февруари е одбележан со работилница чија цел е подигнувањето на свеста за клучната улога на јазиците во меѓукултурниот дијалог и во недискриминацијата како основни вредности на секое современо и демократско општество.

Важноста на јазикот во општеството произлегува од фактот што тој е основно средство за комуникација меѓу луѓето, но и чувар на идентитетот, културата и традицијата. Според истражувањето на Организацијата на oбединетите нации, секои две седмици исчезнува по еден јазик, со што, всушност, исчезнува едно културно наследство.

Работилницата се реализира под менторство на м-р Билјана Маринова, професорка по македонски јазик и литература, и училишниот социолог – Виолета Николова.