Доделени ваучери за учениците од „Javen Advertising“
За да се одбележи успехот на учениците што го постигнаа во текот на првото полугодие, и притоа да се зголемат рамките на мотивација и интерес кај учениците, се спроведе презентација на проектите – web страни кои што се изработуваа во текот на првото полугодие. Презентацијата се одржа во просториите на IT компанијата „Javen Advertising“, при што беа доделени ваучери за сите ученици од страна на компанијата за учество и успешно завршена задача, односно од даден дизајн – добивање на реален web site, кој е хостиран со што е овозможен директен пристап преку интернет. Највисок вредносен ваучер беше доделен за учениците што имаа најдобар целокупен резултат и тоа: Томче Димитровски, Даниел Јовески, Дарко Мијаковски, Виктор Милевски и Александар Петровски. Оваа иницијатива имаше за цел да ја оцени креативноста, техничката исправност и иновативноста на разработката на веб страни во рамките на образовниот процес, под менторство на професорката Александра Колевска и менторот од страна на компанијата Оливера Башевска. Овој успех не само што ја потврдува индивидуалната способност и упорност, туку и го истакнува зголемениот потенцијал на соработката помеѓу образованието и индустријата. Од срце им честитаме на сите учесници за трудот и ангажманот што ги покажаа во овој процес.