Учениците од IV-3 во посета на ЗК ПЕЛАГОНИЈА

Ha 08.11.2023 учениците од IV-3 (машински техничар за моторни возила) и професорот Ѓ.Ташковски, беа во посета на ЗК ПЕЛАГОНИЈА, поточно во централната машинска работилница во Битола и работната единица во с.Новаци.
Покрај презентациите на повеќе видови земјоделска механизација, одличниот домаќин, дипл.инг. Симе Бошевски, одржа исклучително интересно интерактивно предавање на две теми:
1- Сателитска навигација кај John Deere комбајните и систем GreenStar:
2- Откривање дефекти со самодијагноза и со онлајн подршка.
На крај, директорот на одржување во ЗК ПЕЛАГОНИЈА, им понуди вработување на учениците од овој образовен профил, веднаш по завршување на наставната година и да го следат примерот на нашите лански матуранти Николче Трајчевски и Дарко Чуруковски – машински техничари за моторни возила, вработени во ЗК ПЕЛАГОНИЈА!