Свечено одбележан Денот на ослободувањето на Битола

Денес во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ свечено беше одбележан Денот на ослободувањето на Битола – 4 Ноември.

Учениците од трета година – Димитар Србиноски, Павел Талевски, Сара Чагоровска, Ива Симоновска, Костадин Николовски, Алексеј Попов, Томче Бошев и Андреј Мајсторовски, под менторство на професорката по македонски јазик и литература – Билјана Маринова, училишниот социолог – Виолета Николова и училишниот психолог – Дејан Патрногиќ, претставија свечена програма што претставува спој на музика и интересни и помалку познати информации за градот Битола.

Присутните на настанот имаа можност да проследат инструментална изведба на неколку познати песни за Битола, а беа презентирани и интересни факти за еден од најпознатите периоди за градот – т.н. конзулски период, како и за далеку познатите битолски клавири, за битолската мода од 19 век.

Честитки за одличната изведба!